„Информаре пер ресистере“: Зад кризите во Грција, Кипар и Сирија стојат гасните интереси

Од:

Гасните интереси стојат позади кризите во Грција, Кипар и Сирија, оценува италијанскиот сајт „Информаре пер ресистере“, повикувајќи се на откритија на поранешен дипломат.

Според официјалните верзии, Грција, Кипар и Сирија имаат три различни кризи, но, за жал, никој не гледа што се наоѓа од долу, на дното на Егејско Море – непрегледано наоѓалиште на гас, непроценето складиште, до кое пристап согласно меѓународното право имаат како Грците, опустошени од кризата, така и Кипарците, искршени од Брисел, а исто така и Сиријците, опколени од војската на НАТО, која е „маскирана како револуционери“, пишува сајтот.

Ова складиште го сакаат „седумте сестри“, нафтените концерни („Ессо“, „Шел“, БП, „Мобајл“, „Шеврон“, „Голф Оил“, „Тексако“). Тоа е и реалната причина поради која тие се обидуваат да го здробат националниот суверенитет на Грција, Кипар и Сирија. Тоа не е теорија, туку факти, со кои се запознаени луѓето во дипломатијата, наведува италијанскиот сајт.

Би можело да ве интересира

Одмазда за нападот со беспилотни летала – aмерикански авиони ги гаѓаа иранските бази во Сирија

ВИДЕО: Американски напади во Сирија на групите поддржани од Ирак

Мицотакис: Грција оди на избори во мај

Орце Костов

Судот во Лерин ги одби тужбите за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција

Катерина Павлова-Николовска

Молдавија повеќе не добива руски гас

Асад: Русија се бори против неонацистите и старите нацисти поддржани од Западот

Ана Ололовска