Индија го стопира увозот на нафта од Венецуела

Од:

Индискиот конгломерат „Рилајнс индустрис“ (Reliance Industries), во чија сопственост е најголемата рафинерија во светот, соопшти дека прекинува да купува нафта од Венецуела под притисок на САД и меѓународните санкции.

Одлуката на „Рилајнс индустрис“ уследи откако американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера изјави дека Индија треба да го прекине увозот на нафта од Венецуела со цел да се изврши притисок врз претседателот Николас Мадуро.

– Нашата филијала во САД целосно ги прекина своите деловни односи со националната нафтена компанија на Венецуела ПДВСА, а матичната компанија не го зголеми увозот на суровини, се наведува во соопштението на „Рилајнс индустрис“.

Индиската Влада вчера ги предупреди нафтените компании дека ќе сносат последици ако продолжат да тргуваат со Венецуела.

Индија во февруари стана еден од најголемите увозници на нафта од Венецуела откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе вето на увозот на венецуелска нафта.

Во меѓувреме, Венецуела денеска го стопира извозот на нафта за Куба со цел да се намали хуманитарната криза во земјата. Привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо истакна дека секојдневно се извезувале по 47.000 барели нафта во вредност од 2.585.000 долари за Куба.

Со години дозволувавме да се мешаме на Куба со оправдание дека сме братски земји по идеологија. Со тоа едноставно и ја подарувавме нашата нафта, напиша Гуидо на Твитер.

Досега Венецуела беше основниот енергетски снабдувач на Куба. Поради прекинатата достава, Хавана ќе треба брзо да побара други трговски партнери за да избегне недостиг на гориво.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати