Имаш занает или диплома, имаш работодавач – можеш во Германија

Од:

Б92 – Белград

Вака би требало да изгледа законот од следната година.

Додека бизнисмените се радуваат, политичката дебата во Бундестагот за оваа тема се вжештува.

Секоја година престој им се одобрува на повеќе од 100.000 странци. Наспроти тоа, Германија изминативе децении себеси не се сметаше за доселеничка држава.

Но, од почетокот на идната година, тоа би требало да се промени. Со новиот закон за доселување стручна работна сила, што сега се наоѓа во законодавна процедура, доаѓањето на работниците од земјите што не се членки на ЕУ би требало да се олесни.

Ако тој закон стапи во сила, во Германија ќе може да се доселат сите оние кои имаат договор за работа и стручна квалификација за тоа работно место.

Повеќе нема да се проверува дали на пазарот на трудот евентуално постои некој Германец или државјанин на ЕУ, кои имаат право на првенство при вработување.

Значи, секој кој има некаква квалификација или работодавач – може да дојде во Германија.

Може да се дојде во земјата и без никаков договор, но на шест месеци, за да се бара работа на самото место. За тој период дојденецот треба сам да се издржува.

Вакво право досега имаа само факултетски образованите, но сега ќе го имаат и сите останати независно кој степен на стручна подготовка го имаат.

На германската економија ѝ недостигаат околу 1,2 милион работници, посебно во секторите за нега на стари и болни лица, како и во градежништвото.

Со новите прописи би требало да биде решен и проблемот на барателите на азил, кои засега смеат да останат само привремено, на пример ако во нивната земја има граѓанска војна. Сега тие би требало да добијат можност да го легализираат својот статус.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени