Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за уште една милијарда долари

Од:

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде уште 934.090 акции, или околу 1,02 милијарди долари сопственички удел во компанијата за електрични автомобили и неговата компанија која се занимава со соларна енергија, покажуваат финансиските податоци објавени доцна синоќа на Волстрит.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, Маск ги искористи опциите за купување на скоро 1,6 милиони акции на Тесла по фиксна цена од 6,24 долари по акција, која му беше доделена како надомест во пакетот за компензација во 2012 година, бидејќи не прима плата и парични бонуси, јави Си-Ен-Би-Си.

Со користењето на опциите, чиј рок истекува следната година, Маск го зголеми својот удел во Tesla овој квартал од околу 170,5 милиони акции на над 177 милиони акции, јави Вол Стрит Џурнал.

Шефот на „Тесла“ почна да продава акции на 8 ноември, делумно за да ја намири даночната сметка што му следува врз основа на опции.

Би можело да ве интересира

Маск: Привремено суспендирано преземањето на Твитер

Ана Ололовска

Маск ќе го одблокира Трамп на Твитер

А1он

Илон Маск „на исто мислење“ со ЕУ по однос европската регулатива на дигиталната сфера и „Твитер“

Ана Ололовска

Тесла може да се врати на нормално производство во Шангај до средината на мај

Загриженост кај групите за заштита на човекови права откако Маск го купи Твитер

А1он

Илон Маск е новиот сопственик на Твитер

А1он