Илон Маск изгуби 14 милијарди долари во еден ден, пак е втор најбогат човек во светот

Од:

Сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогат човек на светот, повторно се најде на второто место на листата, откако неговото богатство во само еден ден се намали за скоро 14 милијарди долари.

За споредба, македонскиот брутодомашен производ (БДП) – вкупната пазарна вредност на сите произведени стоки и пружени услуги во земјава, изнесуваше околу 12.7 милијарди долари во 2019 година.

Акциите на компанијата на Маск за електрични возила – „Тесла“, вчера паднаа за речиси осум отсто, со што нето вредноста на богатството на Маск се намали за 13,5 милијарди долари и сега изнесува 176,2 милијарди долари, според проценките на Форбс.

Откако во петокот накратко го престигна извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, како најбогат човек во на светот, Маск повторно се најде на второто место на таа листа.

Сега заостанува околу шест милијарди долари зад Безос, чија нето-вредност се проценува на 182,1 милијарди долари. И акциите на „Амазон“ вчера паднаа за повеќе од два процента, што значи намалување за 3,6 милијарди долари.

И покрај падот, Маск е сè уште околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузни стоки, Бернард Арно. Неговото богатство, пак, се проценува на 154,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

Предраг Петровиќ