Илиевски: Коридорите на „Бехтел и Енка“ станаа историски значајни, а Мицкоски и Николоски историски лажговци

Од:

Денеска ги видовме Мицкоски и Николоски колку се горди на реализација на проектот за патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10Д. Граѓаните секојдневно гледаат како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги промовираат и се фалат со проектите на СДСМ за коридорите кои ги напаѓаа и велеа дека се криминални и штетни, порача на прес-конференција Менде Илиевски од СДСМ.

Тој вели „Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели кон Бугарија наеднаш прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ“.

„Власта нема ниту еден проект нејзин започнат, ниту пак реализиран, освен што се фали со проектите на СДСМ ги погази сите свои изјави и ветувања пред граѓаните. Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски станаа историски лажговци“ рече Илиевски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потребна е лидерска средба, граѓаните треба да видат слика на заедништво

А1он

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

(ВИДЕО) Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев