Иконому: Не постои веројатност за задолжителни прекини на струја за домаќинствата

Од:

Во овој момент не постои веројатност за задолжителни прекини во снабдувањето со електричната енергија за домаќинствата, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и истакна дека вложуваат секаков можен напор и ги разгледуваат сите алтернативи што ги имаат, па дури и најтешките за да не стигнат до такво нешто , јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека Владата презела мерки за да нема прекини во синџирот на снабдување, со олед на тоа дека „ни претстои тешка зима” и е нејасно што ќе биде и во однос на цените и во однос на енергетската доволност и затоа мора да бидат подготвени „за да не постојат премногу големи проблеми”.

-Нашата земја ги продолжува подготвките за справување дури и со најекстремните сценарија. Како и во другите неодамнешни кризи, така и сега, градиме национални политики за заштита на општеството, но и на бизнисите. Од една страна се активностите за заштеда на енергија во јавниот сектор, но и во домаќинствата и од друга страна со грижа за обезбедување на енергетска доволност. Веќе се развиени координирани напори за снабдување со зголемени количества течен гас, дизел работење на единиците што користат гас и привремено продолжување на искористувањето на лигнитот, објасни Иконому.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто