Хрватска со најголем пад на побарувачката на автомобили меѓу земјите на ЕУ

Од:

Пандемијата на коронавирусот ја намали побарувачката за нови автомобили во Европа за една третина во првите осум месеци од годинава, додека во Хрватска е речиси преполовена, покажуваат податоците на здружението на производители АЦЕА.

Во периодот од јануари до август, регистрирани се вкупно 6,12 милиони нови автомобили во 26 земји на ЕУ (со исклучок на Малта), 32 проценти помалку отколку во првите осум месеци од 2019 година.

Побарувачката на нови автомобили падна на сите четири водечки европски пазари, најмногу во Шпанија и Италија, за 40,6, односно 38,9 проценти. Следува Франција со пад на бројот на регистрирани нови автомобили за 38,9 проценти, и Германија каде потона за 28,8 проценти.

Според податоците на АЦЕА, во Хрватска се регистрирани 25.151 нови автомобили во периодот од јануари до август, што претставува пад од 47,9 проценти во споредба со истиот период минатата година, најголем меѓу земјите на ЕУ.

Во Полска, најголемиот пазар на автомобили во групата „нова“ Европа, регистрирани се 251 илјади нови автомобили, 31,6 отсто помалку отколку во истиот период минатата година.

Само во август побарувачката на нови автомобили во 26 земји на ЕУ паднала за 18,9 проценти, со регистрирани само 769.525 нови автомобили. Тој пад е подлабок отколку во јули кога падна за 5,7 проценти, со регистрирани малку повеќе од милион нови автомобили.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари