Хојер уште шест години на чело на Европската инвестициска банка

Од:

Германскиот политичар Вернер Хојер ќе ја води Европската инвестициска банка (ЕИБ) и во наредните шест години, почнувајќи од 1 јануари 2018 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

За новиот шестгодишен мандат, Хојер беше повторно назначен од страна на Одборот на гувернери на ЕИБ, кој го сочинуваат министрите за економија и финансии на 28-те земји членки на Европската унија.

Хојер, кој го започна својот мандат како претседател на Банката на 1 јануари 2012 година, исто така е и претседател на Одборот на директори на ЕИБ. Во текот на последните пет и пол години тој ја предводеше огромната експанзија и трансформација на банката со седиште во Луксембург, при што годишното финансирање на ЕИБ се зголеми од 55 до 84 милијарди евра од 2012 година, а годишната инвестиција поддржана од ова финансирање се зголеми од 169 на 287 милијарди евра во истиот период.

Овој пораст на бизнисот делумно беше поттикнат од инвестицискиот план за Европа, т.н. „план на Јункер“, а според самото признание на Хојер, тој и Жан-Клод Јункер тесна соработувале за да го развијат овој концепт, кој даде силен придонес за растот и создавањето работни места во Европската унија од нејзиното основање.

Според планот на Јункер, ЕИБ групата одобри 44 милијарди евра за финансирање досега, со поддршка на 225 милијарди евра во инвестиции во Унијата.

– Беше привилегија да служам како претседател на Европската банка во овие предизвикувачки времиња, финансирајќи илјадници проекти кои ги подобрија животите на милиони луѓе. Ние им помогнавме на земјите од ЕУ кои најтешко беа погодени од должничката криза во Еврозоната, ги ставивме на располагање нашите финансиски мускули во напорите на ЕУ да ја стабилизира Украина и да почне решавањето основните причини за миграција во Северна Африкам порача Вернер Хојер.

Според старо-новиот директор на Европската инвестициска банка, нови предизвици веќе ја очекуваат ЕУ, посебно во справувањето со загубата на Обединетото Кралство како членка на бордот на банката на ЕУ.

Инаку, пред да се приклучи на ЕИБ, Вернер Хојер повеќе 25 години беше член на германскиот Бундестаг од редовите на либералната Слободна демократска партија (ФДП), одговорен за надворешна и безбедносна политика, како и за европските и буџетските прашања. Тој беше и државен министер во германското Министерство за надворешни работи и имаше различни позиции за време на неговата долга, истакната политичка кариера.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) е банка на Европската унија, задолжена за кредитирање на Унијата и е единствената банка која е во сопственост и ги застапува интересите на земјитечленки на Европската унија. Таа овозможува долгорочно финансирање за здрави инвестиции со цел да придонесе кон целите на политиката на ЕУ, а и тесно соработува со другите институции на Унијата за спроведување на европската политика.

Како најголем мултилатерален кредитор по обем, ЕИБ обезбедува финансии и експертиза за сигурни и одржливи инвестициски проекти кои придонесуваат за унапредување на целите на политиката на Европската унија. Повеќе од 90 проценти од активностите на ЕИБ се фокусирани на Европа, но исто така ги поддржува и надворешните и развојните политики на Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Жарко Настоски

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска