Хоџа: Потребни се соодветни политики за малите земјоделски стопанства да прераснат во успешни агробизниси

Од:

Македонскиот земјоделски сектор го сочинуваат претежно мали земјоделски стопанства, но тие не се во можност сами да го реализираат својот потенцијал за одржлив развој. Треба да бидат поддржани со соодветни политики за рурален развој со кои ќе прераснат во успешни агробизниси, истакна министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на една од сесиите на Регионалната конфереција на ФАО за Европа.

Хоџа нагласи дека Владата има амбициозна агенда и ќе преземе сериозни интервенции за да создаде можности за вработување на младите и воопшто подобри услови за живот на руралното население преку овозможување подобар пристап до земјиште и пристап до кредит за младите и семејните земјоделци, зголемување на инвестициите во инфраструктура и ревитализација на селата.

– Македонскиот земјоделски сектор го преставуваат претежно мали земјоделски стопанства и семејни фарми, чиј главен предизвик е расцепканоста на земјиштето, што е лимитирачки фактор да се постигнат стандардите и да се обезбеди количина потребна за пристап до меѓународните пазари. Според студијата на ФАО за малите земјоделски стопанства и семејните фарми која ја опфати и Република Северна Македонија, тие се сметаат за важен дел од решението за постигнување сигурност на храната, намалување на руралната сиромаштија и одржливост на животната средина. Семејните фарми не се во можност сами да го реализираат својот потенцијал за одржлив развој, потенцира Хоџа.

На 32-та сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа, која започна вчера и која првпат поради пандемијата се одржува онлајн, се разговара за предизвиците со кои се соочува регионот во однос на храната и земјоделството.

На Конференцијата учествуваат над над 270 претставници од 51 членка во Европа и Централна Азија, меѓу кои и 31 министри и заменици министри, што претставува највисока посетеност на Регионална конференција за Европа досега.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп