Хоџа: Откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари

Од:

Во понеделник, на средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании, ќе се утврди точната методологија за распределба на петте милиони евра помош за тутунарите, предвидени со петтиот пакет антикризни мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Целта на овие средства, нагласи Хоџа, е да се исполни ветеното од пред еден месец – дека откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари за килограм.

-Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Во понеделник имаме средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании и тогаш ќе ја утврдиме точната методологија како ќе се направи тоа. Но, тоа што го ветивме пред еден месец, дека просечната цена нема да биде под 180 денари, со овие средства ќе се обидеме да им помогнеме на тутунарите поради тешката година, истакна министерот, одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Колективниот договор во МЗШВ.

Хоџа информира дека за откуп се останати уште 1.500 тони тутун. Приоритет во моментов е преземање на овие, договорени количини, а потоа ќе се утврди и начинот за откуп на вишоците.

-Откупот на договореното производство би требало до понеделник да се заврши. Потоа, како што утврдивме на минатите заедничлки состаноци, ќе утврдиме како треба да се откупи вишкот, за што се заложија и откупните компании, а дали ќе има потреба за продолжување на законскиот рок ќе се одлучи на состанокот во понеделник и врз основа на тоа ќе се преземат конкретни мерки, објасни Хоџа.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме