Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска директно и недвосмислено им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени. Најави состанок со нив наредните денови и оцени дека и тие се делумно виновни за актуелната ситуација во преработувачката индустрија.

Според Хоџа, секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава државата, за толку тие им намалиле на земјоделците во делот на цената.

-Мислам дека ќе се изнајде решение, но поставување уцени нема никогаш да прифатам, а не верувам дека таков начин ќе прифати и Владата. Мелничарите многу добро знаат дека во одредени периоди и тие се виновни за ситуацијата во која се наоѓаме сега, а генерално, цените во регионот се солидни зашто има недостаток и не очекувам дека ќе биде проблематична сезоната кај нас, рече Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод новините во фитосанитарната политика.

Министерот потврди дека со мелничарите имал неколку состаноци.

– Наредните денови сигурно ќе имаме дополнителен состанок со нив за да се разјасни ситуацијата. Јас сум им кажал, еве и јавно ќе повторам, можеби не е допломатски, ниту политички, но ние не може да поддржиме само интервентно преработка на пченицата. Секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава државата, за толку тие им намалиле на земјоделците во делот на цената, напомена Хоџа.

Мелничарите денеска најавија дека ќе ја откупуваат годинашната пченица по 8,5 – 10,5 денари зашто не ја добиле ветената поддршка од Владата. Како што изјавија, пред девет месеци на средба со министерот Хоџа било договорено да добијат по два денара за секој откупен килограм пченица и оваа поддршка да се вметне во редовните годишни програми за исплтата.

Би можело да ве интересира

МЗШВ и оризопроизводителите постигнаа договор

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Хоџа: Нема да дозволиме поединци да профитираат политички на сметка на лозарите

Ана Ололовска

Министерот Хоџа им гарантира на лозарите дека нема да остане неоткупено грозје

Ана Ололовска

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје

Ана Ололовска