Халкбанк утре ќе ја исплати мартовската пензија

Од:

Халкбанк утре ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.

„На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии“, се вели во соопштението на банката.

Од банката ги повикуваат своите пензионери, во нивен интерес и за нивна поголема заштита, овој период кога државата воведува низа мерки за спречување на ширење на коронавирусот, да се насочат кон плаќање со картичките и кон електронското банкарство, и да избегнуваат што е можно повеќе употреба на готовина и посета на филијали на банката.

Исто така, од Халкбанк посочуваат дека, во краен случај, за подигање готовина на располагање на корисниците им стојат банкоматите, оние лоцирани до филијалите што неколкупати во текот на денот се дезинфицираат. Од таму сепак препорачуваат при нивно користење да се применуваат пропишаните мерки за лична заштита.

„Подигањето средства на шалтерите на филијалите ќе биде со почитување на правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен на број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата“, велат од банката.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски