Групација на осигурување: Пакетот мерки навремен и соодветен одговор на регулаторот за ублажување на ризиците

Од:

Групацијата на осигурување ги поздравува мерките што ги донесе Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување.

Според Групацијата, пакетот мерки, донесени на 15 парил 2020 година, се навремен и соодветен одговор од страна на регулаторот со цел ублажување на зголемените ризици во работењето на осигурителните компании, кои произлегуваат од условите предизвикани од пандемијата КОВИД-19.

-Овие мерки овозможуваат поголема флексибилност, олеснување и континуитет во работењето на осигурителната индустрија во овие вонредни услови на пандемија, кои влијаат на сите аспекти на економскиот и социјалниот живот. Дополнително, донесените мерки придонесуваат и ги штитат правата и интересите на осигурениците, кои се нашиот примарен фокус, вели претседателот на Групацијата на осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Иницијативата за воведување на привремените мерки произлезе од навременото скенирање на променетите услови на работа од страна на регулаторот, како и заложбите на Групацијата на осигурување.

Регулаторните измени се насочени кон олеснување во делот на Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување, каде се дозволува до 31.12.2020 година 10 отсто од средствата за покривање на техничките резерви да бидат недоспеаните побарувања и доспеаните побарувања до 30 дена. Со ослободувањето на 10 проценти од резервите, се обезбедува зголемена ликвидност на компаниите.

Измените се насочени и кон Правилникот за методот за вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси, каде се дозволува до 31.12.2020 година исправката на побарување да се помести за дополнителни 60 дена.

-Целта на измената е да се амортизира ударот врз финансискиот резултат на друштвата за осигурување како резултат на намалената наплата на побарувањата по основ на премија за осигурување. Со дополнителните 60 дена се обезбедува амортизирање на ударот врз билансите на осигурителните компании, со цел по истекот на вонредната состојба компаниите да продолжат нормално да функционираат, наведува Војновиќ.

Со измените ќе биде опфатен и Правилникот за минимална содржина на евиденцијата и начинот на пријавување, резервирање и ликвидација на штети од страна на друштвата за осигурување, каде се дозволува додека трае вонредната состојба, евидентирањето на пријавените штети да се помести на 5 дена. Со оваа мерка им се овозможува на осигурителните компании со оглед на вонредната состојба и прилагодените работни процеси да имаат дополнителен период за обработка на штетите од што, секако, ќе имаат интерес осигурениците.

-Одлуката за начинот на проценка на резервите за штети на друштвата за осигурување и/или реосигурување за време на траење на вонредната состојба, каде се дефинира дека во проценките на техничките резерви за вториот и третиот квартал на 2020 година и покрај забавена ликвидација/пријава на штети во настанатата вонредна состојба, да не влијае врз проценките на техничките резерви. Целта на оваа измена е обезбедување стабилност на секторот на осигурување, но и заштита на осигурениците, преку реално утврдување на резервите на друштвата, стои во соопштението на Групацијата која, како што потенцира, внимателно го следи развојот на ситуацијата и е во постојана соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари