Груевски: Владата продолжува со инвестиции

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во РЕК „Битола“ го пушти во употреба главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп „Брод – Гнеотино“ до рудникот „Суводол“, проект вреден 18,6 милиони евра.

Транспортниот систем за јаглен е со должина од 10 километри и неговиот капацитет е 3.800 тони јаглен на час.

„Со изградбата на овој транспортен систем се комплетира една голема инвестиција, се заокружувува производствениот процес во површинскиот коп „Брод – Гнеотино“, адекватно се поврзуваат двата руднички капацитети и може да се каже дека трасата која ги поврзува рудниците и термоелектраната „Битола“ е целосна и функционална. Со тоа се комплетира системот за искористување на енергетското богатство на јагленокопот „Брод – Гнеотино“ и рудникот „Суводол“ со што ќе се обезбеди стабилна иднина, развојни перспективи и непречена работа на термоелектраната „Битола“ во наредните 25 до 30 години“ рече премиерот Груевски.

Тој кажа дека Владата продолжува со инвестициите за нови капацитети, како и санација, реконструирање и проширување на веќе постоечките капацитети во електроенергетскиот сектор.

„За многу скоро ќе биде пуштена во употреба хидроелектраната „Св. Петка“, во тек е ревитализација на шест хидроелектрани „Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Глобочица“, „Шпилје“ и „Тиквеш“. Во тек се подготвителни активности за реализација на проектот „Парк на ветерни електрани“ – Богданци, проектот за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“, како и подготвителни активности за реализација на проектот „Луково Поле“.

– Сите овие проекти јасно говорат за нашата посветеност да продолжиме со проекти за ревитализација, проширување и зајакнување на македонскиот енергетски систем“, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов