Груевски: „Ванхол“ почнува да гради фабрика во Македонија

Од:

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол“ ја почнува практичната реализација на најавената инвестиција во Македонија. Премиерот Никола Груевски денеска најави дека до крајот на следната недела ќе почне изградбата на фабриката која ќе отвори 400 нови работни места и ќе го зголеми македонскиот извоз за 100 милиони евра.

„Македонија повторно ќе стане извозник на автобуси и тоа голем извозник. Првата тура која „Ванхол“ ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија“, изјави Груевски.

Според него, добро е тоа што Македонија порано имаше традиција во производството на автобуси така што белгиската компанија ќе може да најде соодветен кадар, но исто така новата инвестиција ќе биде можност и за младите високообразовни кадри.

„За Ванхол ќе биде добро ова затоа што ќе можат да најдат соодветен кадар, а и некои луѓе од ФАС „11 Окотомври“ исто така ќе можат да се најдат повторно на некои работни места кои во животот еднаш веќе ги работеле. Се разбира ова ќе биде добра шанса и за младите високообразовани кадри и за оние со средно образование, така што ќе има работа за сите“, нагласи Груевски.

Покрај ова потсети дека утре се потпишува и договорот со компанијата „Дрекслер Маер“ која се надева дека наредната пролет ќе ја заврши изградбата на фабриката во Македонија и ќе вработи 4.000 лица.

– Имаат кратки рокови, затоа што имаат потпишано договори за испорака на стоката што треба да ја произведуваат така што се надевам дека наредната пролет веќе ќе бидат готови со фабриката и ќе почнат да вработуваат, изјави премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он