Груевски: Со четирите висококатници продолжува градежната експанзија на Македонија

Од:

Со поставувањето на камен-темелникот во општина Аеродром официјално започна изградбата на кулите и трговскиот центар на „Џевахир холдинг“, инвестиција тешка 300 милиони евра.

На простор од 33.000 метри квадратни ќе се гради станбен комплекс од четири висококатници со 42 ката. Секоја од високатниците ќе биде висока по 130 метри, со вкупно 1.376 стана и објект што ќе претставува деловен и трговски центар.

Градежниот простор ќе изнесува 280.000 метри квадратни и треба да обезбеди простор за живеење за околу 5.000 луѓе. Според најавите на турскиот инвеститор Ибраим Џевахир, објектот се очекува да биде готов за три години.

Премиерот Никола Груевски кој беше присутен на поставувањето на камен темелникот заедо со претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека „градежната експанзија на Република Македонија, особено на Скопје, која почна во изминатите неколку години продолжува со уште поголема динамика. Тој нагласи оти четирите висококатници се најголемата станбена инвестиција во градежниот сектор и највисоките згради во поновата македонска историја“.

„За аеродромот „Александар Велики“ во Скопје имаше многу наслови во медиумите дека нема да се реализира, како и за висококатниците дека нема никогаш да се случат, но времето покажа нешто друго, односно аеродромот е веќе изграден и се гордееме со него, а денеска официјално почнува изградбата на четири висококатници во Скопје“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он