Груевски: Нововработените лица се избрани со директно компјутерско рангирање, а не по лотариски систем

Од:

Премиерот Никола Груевски прецизира дека 1.600-те лица од социјално ранливи категории кои ќе бидат вработени во државните институции и органи согласно огласот за вработување лица од социјално ранливи категории објавен од ЈП „Македонски шуми“ се избрани со директното компјутерско рангирање, а не по систем на лотарија како што тврдат некои од медиумите.

– Не станува збор за лотариски систем или систем на среќа, туку за софтверско креирање на  ранг листа согласно утврдени критериуми и внесени податоци, а податоците се земени од самите лица коишто конкурирале, истакна премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека согласно Законот предвидена е второстепена постапка, односно можност за жалба за секој што конкурирал и не е задоволен што не бил примен на огласот.

– Секој кој што има основани аргументи дека одредено право му било одземено или бил прекршен законот може да поднесе жалба и тоа да се разгледа. Не сакам ништо да прејудицирам однапред бидејќи имаме систем, имаме државни институции коишто сите жалби навремено и во рок утврден со Закон ќе си ги прегледаат и ќе си дадат свое мислење, нагласи Груевски.

Изборот на нововработените во „ЈП Македонски шуми“ е направен од над 20.000 пријавени лица. Избраните ќе бидат првично вработени во ЈП Македонски Шуми, потоа дел од нив ќе останат на работа во ова јавно претпријатие, а другите ќе бидат преземени во други институции. Имињата на избраните се читаа во рамки на отворената програма, а можат да се видат и на веб страницата на Македонски шуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески