Грција во септември ќе ги удвои субвенциите за домаќинствата и компаниите

Од:

Грција за наредниот месец ќе ги удвои субвенциите за електрична енергија за домаќинствата и малите и средни бизниси, на вкупно 1,9 милијарди евра, најави денеска министерот за енергетика Костас Скрекас.

Сметките за електрична енергија во Грција нагло пораснаа, поттикнати од зголемените цени на гасот, последица на војната во Украина и европските санкции против Русија што го отежнаа снабдувањето со тој енергенс.

„Актуелната војна (во Украина) драматично ја влошува енергетската криза“, рече министерот Скрекас во изјавата за телевизиските станици.

Од септември минатата година Атина има потрошено околу осум милијарди евра за субвенции за струја и други мерки насочени како помош за домаќинствата, бизнисите и земјоделците.

Субвенциите предвидени како помош за наредниот месец ќе изнесуваат околу 1,9 милијарди евра и ќе апсорбираат до 94 отсто од зголемувањето на месечните сметки за струја за домаќинствата и 89 отсто од зголемувањето за малите и средни претпријатија, најави Скрекас.

Тој појасни дека субвенциите за домаќинствата ќе изнесуваат 639 евра за мегават час.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски