Грција треба да остане во евро зоната

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и новиот претседател на Франција Франсоа Оланд синоќа во Берлин ја имаа првата средба, веднаш по неговата инаугурација.

На прес конференцијата по разговорите, тие изјавија дека се согласиле дека Грција треба да остане во евро зоната, додавајќи дека разгледале дополнителни мерки за поттик на економскиот раст за да и се помогне на оваа земја.

На средбата биле покажани и некои разлики во ставовите околу економските прашања- Оланд сака поголемо внимание да му биде посветено на економскиот раст, додека Меркел им дава поголемо значење на мерките за штедење.

Францускиот претседател дојде со задоцнување во Берлин, затоа што неговиот авион беше погоден од гром, по што тој се врати во Париз, па за Германија отпатува со друг авион.

 

 

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција