Грција предвремено го отплати долгот до ММФ

Од:

Грција предвремено го отплати долгот до Меѓународниот монетарен фонд, по финансиската помош побарана пред 12 години, а грчкиот премиер и министерот за финансии коментираа дека се затвора едно поглавје што беше отворено во мај 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина.

– Крај на ерата на ММФ како кредитор на Грција, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на „Твитер“, додавајќи дека со предвременото отплаќање и со последните обврски на земјата, се затвора сивото поглавје од 2010 година.

Истакна дека беше период кој Грците „не треба и никогаш повеќе нема повторно да го живеат“.

-Денес, и покрај меѓународните превирања, националната економија останува цврсто на патот на напредок и блиску до граѓаните. Речено, сторено!, напиша Мицотакис.

Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас истакна дека отплаќањето е „многу позитивна разврска, резултат на ефективната економска политика што ја води актуелната Влада“ и додаде дека според Европскиот механизам за стабилност, „испраќа позитивна порака до пазарите за финансиската состојба на земјата, го зајакнува профилот на јавниот долг и носи заштеди во државниот буџет, во вкупна вредност од 230 милиони евра, во корист на грчкото општество“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски