Грција и Северна Македонија почнаа да добиваат гас преку Турски тек

Од:

Русија започна да испраќа гас во Бугарија, Грција и Северна Македонија преку новиот гасовод „Турски тек“, објави Булгартрансгаз, наведувајќи дека ова е начин за намалување на снабдувањето преку Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Русија го гради Турски тек и работи на двојно зголемување на капацитетот на гасоводот „Северен поток“, со кој преку Балтичкото Море испраќа гас до Германија, како дел од плановите за заобиколување на Украина кон европскиот пазар.

-Испораките на руски гас не само за нас, туку и за Грција и Северна Македонија одат преку нова влезна точка (на нашата граница со Турција), изјави директорот на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за бугарското национално радио БНР.

Рускиот „Гаспром“ на 1 јануари започна да испраќа околу 3 милијарди кубни метри гас до Бугарија преку Турски тек, заменувајќи ја поранешната рута преку Украина и Романија, пренесува Ројтерс.

Минатата година „Гаспром“ испорача околу 3 милијарди кубни метри гас за Грција и околу 500.000 милиони гас во Северна Македонија.

Малинов рече дека Трансбалканскиот гасовод сега не работи, но додаде дека може да се искористи за испраќање на гас во Романија, Молдавија и Украина доколку побарувачката се зголеми.

Русија го гради Турскиот тек со два цевководи, секој со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, пренесува Танјуг.

Првиот цевковод е наменет за Турција, а вториот ќе оди понатаму, од Бугарија до Србија и Унгарија.

Бугарија се надева дека ќе може да започне со испорака на гас за Србија до мај и планира да ја изгради целата делница до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски