Грчкиот туризам да се насочи кон земјите кои добро се справуваат со епидемијата, бараат од Здружението на грчки туристички фирми

Од:

Грчкиот туризам би можел да се насочи кон туристи од земјите кои добро се справуваат пандемијата, како на што се Израел, Кипар, Либан, арапскиот пазар и Балканот, вели Јанис Рецос, претседател на Здружението на грчки туристички фирми, јави дописничката на МИА од Атина.

Анализирајќи ја актуелната ситуација со пандемијата и последиците врз грчкиот туризам, Рецос за време на оналјн прес конференцијата, истакна дека речиси сите земји од каде што се главните туристи кои ја посетуваат Грција се соочуваат со сериозни проблеми поради коронавирусот и затоа посочи дека земјата, сега треба да се насочи кон други пазари.

-Петте најголеми наши пазари се Англија, Германија, Франција, Италија и Америка. Со исклучок на Германија која има направено добра работа во контролата на пандемијата, останатите земји се оние што се во центарот на негативниот публицитет глобално. И се сомневам дека во следните месеци и самите ќе им дозволат на нивните граѓани да патуваат, рече Претседател на Здружението на грчки туристички претпријатија.

Објасни дека дополнително прашање е и дали Грција ќе биде во позиција и дали ќе сака да ги прими туристите од овие земји, додавајќи дека „постојат многу прашања за начинот на кој ќе се рестартира системот и каков вид на забрани или ограничувања ќе постојат во работата на сите бизниси, а особено на туристичките“.

-Од странските пазари, би можело да се цели кон земјите кои успеаја добро да се справат со здравственото управување на пандемијата. Такви примери во моментот би можеле да бидат Израел, Кипар, Либан, арапскиот пазар и Балканот. Не заборавајте дека оттаму е голем дел, околу 10 милиони, од патните пристигнувања , истакна Рецос.

Неговата процена е дека доколку за Велигден, не се смени актуелниот тек на епидемијата, „во некој момент, кон средината на мај ќе започнат постепено да се тргаат забраните“, бидејќи како што рече, економијата треба во некој момент да почне да функционира.

-Оптимистичка и изводлива цел, земајќи предвид дека второто тромесечје ќе биде нула, е да се постигне рестартирање во третото тромесечје и суштинско закрепнување и напор да се врати загубеното во четвртото тромесечје, односно туризмот, би можел од август и потоа, септември, октомври, ноември, да се обиде да поврати дел од загубите, објасни Претседателот на Здружението на грчки туристички претпријатија.

Според него, за рестартирање на грчкиот туризам, потребни се финасиски средства, ликвидност, но и алатки кои може да привлечат клиенти, како на пример намалување на ДДВ-то за престојот, за угостителските услуги, за туристичките пакети и превозот и сл.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски