Границата на сиромаштија во Турција се зголемила за над десет отсто

Од:

Границата на сиромаштија во Турција се зголемила за над десет проценти во измината година, покажуваат истражуваата на турскиот синдикат Каму-сен.

Прагот на сиромаштија се зголемил за 10,3 отсто, покажуваат податоците. Во меѓувреме, минималната сума, неопходна за прехранување на четиричлено семејство се зголемила за 11,8 отсто.

Трошоците за храна на двајца родители со две деца месечно се движат 945,39 турски лири (околу 338 евра). Тоа значи дека турски државен службеник, кој прима плата од околу 781 евро, дава за храна за семејството 43,26 проценти од својата плата.

Според Турскиот статистички институт трошоците за стан под наем се 28,28 отсто од просечната плата. Оттука следува дека 71,5 отсто од просечната плата на државните службеници во Турција оди за храна и живеалиште.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски