Граѓаните со поголем интерес да ги отплат обврските и да бидат избришани од листата на должници

Од:

Управата за јавни приходи ја објави и третата листа на компании и граѓани кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Интерес има и кај компаниите и кај граѓаните, но поголем е кај физичките лица за отплаќање на обврските.

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека нема отстапки во бројот на фирмите и компаниите кои се опфатени на листите, ниту пак има енормно растење на долгот.

– На листите има фирми кои може да ги објавувате и кои ниту платиле ниту ќе платат и други фирми кои имаат ликвидни проблеми, но бараат да ги отплатат обврските, изјави Трајковски.

Тој додаде дека се работи на едукација за тоа како да се репрограмира долгот и како најлесно да се направи за да не се одрази на работењето на фирмата.

Истакна дека за 40 проценти е зголемен бројот на фирмите за репрограмирање на долгот.

УЈП ја објави првата листа во јуни годинава. Објавувањето на листата на должници ќе се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот, а  согласно член 9 од Законот за даночна постапка, чија цел е зајакнување на даночната дисциплина и заштита на буџетот.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов