Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички, зголемен раст во третиот квартал од 2021

Од:

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти.

dobivaj vesti na viber

– Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8 проценти), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8 проценти, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година, информираат од Народната банка.

Висок раст е забележан и кај плаќањата со кредитен трансфер, односно годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3 проценти, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6 проценти.

– Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2 проценти на годишна основа кај бројот, односно за 31,4 проценти кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9 проценти кај бројот, односно од 30,8 проценти кај вредноста на остварените трансакции, се наведува во соопштението од Централната банка.

Би можело да ве интересира

Усвоен најновиот Квартален извештај со најновите макроекономски проекции на Народната банка

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска за ХТВ: Очекуваме забавување на растот на нашата економија како последица на војната во Украина

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Годишниот регионален состанок на гувернери: Корона-кризата докажа дека банкарскиот сектор е отпорен на шокови

Ана Ололовска

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска ‒ Боуман: Политиките на Народната банка се столб на макроекономската стабилност

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска