Граѓаните кои сакаат ново одложување на отплатата на кредитите треба да се обратат во своите банки

Од:

Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да пристапат до својата банка и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

Граѓаните, како што наведуваат од МБА, треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата, по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени.

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до шест месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци.

Детални информации деловните банки и штедилници веќе објавуваат на своите интернет-страници а се достапни и на интернет-страницата на Македонска банкарска асоцијација www.mba.mk.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов