Граѓаните кои не се на листите за државни картички, а ги исполнуваат условите, може да поднесат барања

Од:

Граѓаните кои сметаат дека ги исполнуваат условите да добијат домашна платежна картичка, а не се на објавената листа за државна помош, имаат можност да поднесат барање да се преиспита нивниот случај. Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека е оставена можност листата на корисници да се надополни доколку е направена техничка грешка. Листата е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, а направена е врз основа на податоците од Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, електронските дневници во средните училишта и податоците од државните универзитети.

„Оние кои нема да се најдат на листата, а сметаат дека треба да се таму доколку го впишат матичниот број ќе им се појави упатство со имејл адреса на која може со барање да посочат дека треба да се најдат на листата. Оваа можност е оставена за да се види дали се работи за некаква техничка грешка“, рече министерката Ангеловска.

Веб-станицата е во функција од денес. Граѓаните кои имаат право на државна помош е се поделени во четири групи. Во првата група се 115.927 граѓани кои треба да добијат по 9000 денари на картичката. Тоа се граѓани со низок доход, приматели на социјална помош и невработени кои се активни баратели на работа регистрирани во Агенцијата за вработување до 22 мај и лани не оствариле доход поголем од 180.000 денари, а во првите четири месеци од годината немаат примања поголеми од 60.000 денари.

Во втората група се вработени со ниски плати. На листата се вкупно 117 144 лица. Тие ќе добијат по 3000 денари еднократна помош, а ќе добијат и ваучер за туризам од 6.000 денари.

Третата група се млади со наполнети 16 години, не постари од 29 години, активни ученици или студенти на државните универзитети. Тие ќе добијат платежна картичка со три илјади денари, а на листата се ставени 87.014 лица.

Во четвртата група се 4934 здравствени работници кои како награда за лекување на заболените од коронавирусот ќе добијат 40 отсто од платата.

Картичките се печатат и до крајот на неделава треба да почне нивното доставување. Министерката Ангеловска извести дека картичките треба да бидат доставени на корисниците најдоцна до 18 јули, а средствата треба да се искористат најдоцна до 15 август.
Платежните картички се за плаќање домашни производи и услуги со што се очекува закрепнување на домашната економија.
На платежните картички на корисниците ќе бидат распоредени вкупно 27,8 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска