Градежните работи на „Јужен поток“ се одвиваат според планот

Од:

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов и рускиот претседател Владимир Путин, денеска заклучиле дека работите на гасоводот „Јужен поток“ напредуваат според планот.

Како што пренесува бугарската владина прес служба Борисов и Путин телефонски разговарале за билатералните политички и економски врски и прашањата од заеднички интерес.

Во владиното соопштение, пренесено од БТА, се наведува дека двајцата лидери нагласиле дека трговската размена меѓу Бугарија и Русија во последните две години е зголемена за 30 отсто, а двајцата разговарале и за напредокот во реализацијата на проектот „Јужен поток“, заклучувајќи дека работите напредуваат според планот.

Борисов, на прес конференција по разговорот со Путин, изјави дека рускиот претседтел и рускиот премиер Дмитриј Медведев го повикале во посета на Москва со цел да се разговара за откажување од судскиот процес во врска со опремата која Бугарија ја нарачала за изградбата на нуклеарната централа Белене, од која подоцна се откажа.

-Оваа механизација заедно можат да ја продадат Бугарија и Русија или таа може, како што Бугарија предложи, да се употреби во изградба на нов реактор во постојната централа Козлодуј, рече Борисов, додавајќи дека е потребно да се пронајде решение за да се избегнат судење и трошоци од повеќе милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток

Ана Ололовска

Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Наум Локоски

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Раскинат договорот за „Јужен поток“

Емир Латифовиќ

Додик: „Јужен поток“ повторно ќе дојде на дневен ред

Емир Латифовиќ

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

1 × two =