Градежниот институт се приклучи кон европски проект „СИНДЕРЕЛА“

Од:

Градежниот институт Македонија (ГИМ) соопшти дека станал дел од Конзорциумот на истражувачки институции и други организации вклучени во проектот „Нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба” (СИНДЕРЕЛА), финансиран преку европска програма „Хоризонт 2020“.

ГИМ во соопштението посочува дека европскиот градежен сектор генерира околу 9 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во Европската унија и како една од најважните индустрии директно вработува 18 милиони луѓе.

– Во исто време, градежниот сектор е еден од најголемите потрошувачи на ресурси во Европа кој користи околу половина од екстрахираните материјали и исто така создава една третина од целиот отпад на ЕУ. Отпадот од градежништво и уривање заедно со отпадот од индустријата, општинските услуги и други, можат да обезбедат одлични секундарни суровини за изведување на градежни работи и со тоа да го истакнат огромниот потенцијал за намалување на побарувачката за суровини, производството на отпад со максимизирање на вредноста на добиените материјали, се наведува во соопштението.

Проектот СИНДЕРЕЛА има за цел да го искористи овој потенцијал преку развивање и демонстрирање на нов деловен модел (СиндерЦЕБМ), со цел да им помогне на компаниите во поставување успешни бизнис модели на циркуларна економија, заснован на можностите за употреба на отпадот како ресурс. Овој бизнис модел ќе биде придружуван и од услуга „уан-стоп-шоп“ (СиндерОСС), која нуди се што треба компаниите да знаат за производството и примената на градежни материјали базирани на секундарни суровини во згради и градежни работи.

Проектот започнал во јуни 2018 година, и како дел од активностите, од страна на ГИМ до сега се направени голем број лабораториски и теренски геотехнички испитувања, анализи и извештаи.

– Планираните активности се реализирани од тим од инженери и стручни лица во областа на градежништвото, архитектурата, животната средина, лабораторијата за градежни материјали, социјалните аспекти, економијата, правните науки и маркетингот, кои континуирано ќе бидат посветени во реализацијата на активностите во текот на целиот проект, наведува ГИМ.

Во Конзорциумот на проектот СИНДЕРЕЛА, покрај ГИМ, се вклучени уште 13 институции од седум европски земји – Италија, Полска, Словенија, Србија, Холандија, Хрватска и Шпанија. Конзорциумот е структуриран во шест локални демонстративни активности и неколку организациони структури за да се гарантира единството на целта и резултатите од проектот.

– Партнерите заедно со придружните страни го покриваат целиот синџир на вредности на секоја локална активност за демонстрација, која ги вклучува академијата, јавните органи, создавачите на отпад и крајните корисници, се додава во соопштението на ГИМ.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он