Годишно се крадат сто милиони евра струја, трошокот го плаќаат сите, освен државата

Од:

Според внатрешните анализи на универзалниот снабдувач ЕВН годишно околу 5% од испорачаната електрична енергија се краде и тоа чини 100 милиони евра, откриваат од енергетската компанија за „А1он“.

Загубите, било да се технички загуби на енергија што се создаваат од самото работење на мрежата, од далеководите и од трафостаниците или комерцијални загуби кои се создаваат од кражби, на крајот се на товар на граѓаните и на снабдувачот, а не и на државата.

„Според внатрешни анализи и евиденција на компанијата, годишно околу 5% од испорачана електрична енергија се користи неовластено (комерцијални загуби), односно се краде (5% се околу 300.000 MWh).

Без оглед дали се технички или комерцијални, сите количини на загуби ЕВН ги набавува на отворен пазар по пазарни цени. Ако земеме пазарна цена околу 300 евра за MWh (а во моментот одат и до 800 евра за MWh) трошокот за кражбите на електрична енергија би бил околу 100 милиони евра. Од март до декември годинава, загубите се набавуваат од ЕСМ по цена од 150 евра MWh. Просечна цена за 2022 е 180 евра по MWh“, велат од ЕВН за „А1он“.

Вкупните загуби во 2006 година биле 28%, а во меѓувреме со инвестирање во мрежата намалени се на околу 14%. Регулаторната комисија на ЕВН им признава вкупно 11% вкупни загуби, технички преку трафостаниците и преносните линии, како и загуби од кражби. Останатите неколку проценти на загуби ЕВН ги наплаќа од граѓаните, но не од мрежарината, туку од цената на електричната енергија.

„Загубите ги плаќаме преку самата цена на струјата. Но и тоа е неправедно, би требало државата да ги покрива од буџетот, бидејќи таа е виновна што не реагирала со полицијата и судовите. На тој начин им овозможиле противправна добивка на крадците, што ние и ЕВН ја плаќаме. Од тие 5% украдени, 2% ги плаќа ЕВН, а 3% граѓаните. Тие што го толерираат крадењето (државата) – не плаќаат ништо. РКЕ на ЕВН не и ги признава сите загуби, туку 2% помалку.

Фактичките загуби (технички и комерцијални) се околу 13%-14%, а им признаваат 11%, што ги вградуваат во цената на енергијата и ги плаќаат граѓаните. Останатите 2% не им ги признаваат како оправдан трошок и ЕВН ги плаќа со свои пари“, рече за „А1он“ професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он