Годишната инфлација се забрза во август во 26 земји од ЕУ

Од:

Годишната инфлација во ЕУ се забрза во август, во услови на натамошен раст на цените на енергeнсите, во 26 земји-членки, покажа денеска извештајот на Европската агенција за статистика – Евростат.

Годишната стапка на инфлација измерена со усогласениот индекс на потрошувачки цени (HICP) се зголеми во август на 3,2 процента на ниво на ЕУ, се наведува во извештајот на Европскиот завод за статистика. Во јули изнесуваше 2,5 проценти.

Во август минатата година, потрошувачките цени беа зголемени за 0,4 проценти во однос на истиот период претходната година. Растот на цените значително се забрза минатиот месец и во еврозоната, достигнувајќи три проценти, највисоко ниво од ноември 2011 година, според проценката на Евростат, објавена кон крајот на минатиот месец. Во јули, во споредба со истиот период минатата година, цените се зголемија за 2,2 отсто, додека во август 2020 година беа пониски за 0,2 процента во споредба со истиот месец претходната година.

Во август, цените на енергенсите повторно имаа најголемо учество во годишната стапка на инфлација во заедничката валутна област, од 1,44 процентни поени, што одразува зголемување од 15,4 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески