Годинава се очекува стабилен откуп на тутунот и просечна цена 180 денари

Од:

Премиерот Никола Груевски оваа година очекува откупот на тутунот да биде стабилен, со соодветна динамика и без сериозни проблеми.

– Остануваат субвенциите кои ние ги гарантираме и ги исполнуваме во изминатите години. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада само во фантазиите можеше да се замисли само едно евро да се дава за килограм тутун. Некои луѓе мислеа дека тоа е недостижно, но тоа го постигнавме само во еден ден. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ги смени работите и тоа години наназад се спроведува, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по денешната посета на Прилеп.

Според него, може да се смета дека и следната сезона навреме ќе бидат исплатени субвенциите.

– Согласно согледувањата на Министерството за земјоделство и оваа година очекуваме релативно добра просечна цена, како лани, 180 денари, а за поквалитетниот тутун и над 200 денари, истакна премиерот.

Владата, како што потенцира, будно го следи производството и секогаш, кога може, е подготвена да им помогнеме на тутунарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени