Годинава ќе ја завршиме со инфлација од 14,3 отсто, цените ќе ја празнат потрошувачката кошничка и следната година

Од:

Инфлацијата предизвикана од понудата од надвор и од глобалниот шок кој го предизвика војната во Украина, ќе ја празни македонската кошничка и следната година.

Народната банка ги објави проекциите за макрокономскиот раст на Македонија за 2022 и 2023 година и тие не се воопшто розови.

Војната во Украина проследена со економски санкции од западните земји кон Русија изврши големо влијание врз цените на храната кои се зголемија за 60%, на струјата за 650% и на гасот 50% во споредба со минатата година.

– Овој шок на цените на примарните производи и зголемената побарувачка резултираше со големо забрзување на глобалната инфлација од 4,7% лани, се проценува на 8,8% оваа година. Инфлацијата придонесе за затегнување на монетарните услуги. Сите овие фактори ќе влијаат врз економскиот раст. Во споредба со априлските проекции, бројките упоатуваат поголема увозна инфлација – рече гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежовска.

Врз основа на претпоставките за глобалното и домашното опкружување, подготвена е ревизија на макроекономското сценарио на среден рок.

– Со оглед на високата неизвесност, изготвивме две сценарија. Во првото сценарио, по растот на БДП од 4% минатата година, за оваа година предвидуваме забавување на растот од 2,3%. Во првата половина од 2022 беше остварен раст од 2,6%, но сепак проценуваме забавување од втората половина од годината. За следната година има надолна ревизија и се проектира раст од 2,6% сличен со претпоставките на меѓународните институции. Во второто сценарио во 2023 година растот би бил 2% што ќе значи забавување од 1,8% за цела година – истакна таа.

Ризиците за растот се надолни и во голема мера ќе зависат од европската економија и од личната потрошувачка која е се побавна поради помалиот расположлив доход.

– Кај личната потрошувачка очекуваме забавување на растот поради помал расположлив доход и помала располпожливост за трошење. Иако очекуваме забавување на растот, сепак правиме ревизија на инфлацијата. Инфлацијата за 2022 се оценува на 14,3%, а за следната година се очекува забавување на 8 до 9 % зависно од цените на енергенсите и струјата на меѓународниот пазар. На среден рок инфлацијата ќе се намалува во 2024 и во 2025 година – објасни гувернерката Ангеловска-Бежовска.

Би можело да ве интересира

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Нема да се намалат каматните стапки: Има ризици и покрај забавувањето на инфлацијата, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови