Ѓорѓиев: Поевтини станови за граѓаните

Од:

Со изградба на 1.724 станови преку преку АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кои ќе бидат со 15 до 20 проценти пониска цена од пазараната Владата планира да влијае на намалувањето на цената на квадратот и да овозможи граѓаните да можат да купат поевтини станови.

– Основна цел е зголемување на обемот на станови на страната на понудата, што автоматски доведува до намалување на цената на станбениот квадрат. Исто така, со пласирањето на пазарот на станови чија цена е поевтина од пазарната, за околу просечни 15-20 проценти дополнително се влијае на намалувањето на цената на квадратот, а резултат на овој пристап е поевтин стан за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, посочувајќи дека Информацијата за преземањето на овие мерки Владата ја усвоила на минатата седница.

Таа предвидува вкупната бројка на станови кои се во изградба или во подготовка за изградба, односно вкупната бројка на комерцијални станови кои се градат во 2012 година, кои ќе бидат започнати во 2013 и 2014 година и ќе бидат изградени до 2015 година, да бидат изградени во 30 згради на територијата на целата држава.

– Државата, преку АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, веќе гради, односно во фаза на изградба се 527 станови во девет комерцијални згради, од кои сите се во Скопје, еден во центар кај Радиобран, и осум лоцирани во општината Аеродром. Од овие 527, 152 станови лоцирани во населбата Лисиче-Комплекс источна индустриска зона, уште во текот на месец декември ќе им бидат предадени на лицата кои ги имаат купено становите. Останатите згради имаат во просек по 50 станови по зграда. Овие станови треба да бидат изградени и предадени на сопствениците во 2013 година. За дел од овие станови во текот на идната недела ќе следува постапка за лицитација, истакна Ѓорѓиев.

Тој информира дека дополнително, во 2013 година е планирано да се започне со изградба на нови 10 згради со вкупно 508 комерцијални станови. Од нив, појасни, седум згради се лоцирани во општината Аеродром, две во Центар и една во Карпош.

– Процесните претпоставки за овие згради се обезбедени, имаме чисти локации и средени се имотно правните односи, донесени се урбанистичките планови, и се очекува во 2013 да се отпочне со нивна градба. Динамиката на изградба на овие згради се определува врз основа на обезбедените средства од продажба на претходно наведените згради. Во првиот квартал од 2013 ќе се отпочне со изградба на 126 станови во населбата Лисиче, а средствата се обезбедени од становите кои се продаваат во декември, истакна владиниот портпарол.

Тој додаде дека во 2013 година, со помош на јавно приватно партнерство е предвидено да се отпочне со изградба на дополнителни четири згради, со околу 150 станови, во општините Тетово, Кочани, Гостивар и Штип.

– Република Македонија во овие згради ќе учествува со земјиштето и локациските услови и врз основа на тоа ќе добие паритет во становите кои ќе се изградат. Или вкупно во 2013 година е предвидено да се отпочне со изградба на вкупно 14 згради со околу 650 станови. Рокот за нивно завршување е во 2014 година. Соогласно односот понуда и побарувачка, во 2014 година е предвидено да се отпочне со градба на нови и дополнителни осум згради со вкупно 559 станови, во градот Скопје, и општините Битола и Охрид, изградба која треба да заврши во 2015 година, рече Ѓорѓиев.

Изградбата на сите овие предвидени 1.724 стана во вкупен обем изнесува 4.984.205.000 денари, или околу 80 милиони евра, од кои за становите кои веќе се во изградба се наменети 23 милиони евра, за зградите кои ќе отпочнат со градба во 2013, 33 милиони евра, и за оние во 2014, 24 милиони евра.

Средствата, рече Ѓорѓиев, се обезбедуваат од сопствени извори на АД, со обновување односно реинвестирање, односно за изградбата на новите станови се користат средства кои се добиени по пат на продажба на становите кои се веќе изградени и продадени со истиот овој проект, што, како што истакна, го чини проектот економичен и исплатлив.

Во процесот на лицитација, како начин на продажба на становите, може да учестува секој граѓанин. За учеството тој ќе треба да подигне соодветна документација и да нагласи за кој стан на која локација е заинтересиран. Во наддавањето учесниците не смеат да ја зголенуваат цената за повеќе од 1 евро. На овој начин, како што истакна Ѓорѓев, се очекува цената на метар квадратен да не се покажи за повеѓе од дваесеттина евра.

Почетната цена, додаде ќе биде формирана во зависност од локацијата на станот. На лицитацијата што ќе биде спроведена во текот на наредната недела за станови во општина Аеродром почетната цена е околу 800 евра.

Десет проценти  овие комерцијални станови, ќе бидат наменети за децата без родителска грижа кои потекнуваат од домовите за деца без родителска грижа.

Би можело да ве интересира

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов