Ѓоргиев: 100 милиони евтини кредити за компаниите

Од:

„Од вторник компаниите ќе може да аплицираат за да ги искористат 100 милиони евра евтини кредити, на кои Владата ја субвенционираше каматата во висина од 5,5 %“, најави владиниот портпарол, Александар Ѓоргиев.

„ Ова е исполнување на нашето ветување, и имплементација на соработката со бизнис заедницата и вреднување на нивните заложби. Заедно со претходните веќе доделени и искористени 150 милиони евра, ова значи ангажман на 250 милиони евра кои се наменети за компаниите, и ова е значајна подршка со оглед на околностите во опкружувањето“, рече Ѓорѓиев.

Земјоделците ќе може да ги легализираат објектите за земјоделска намена во наредните денови откако законската рамка ќе добие зелено светло во собрание.

Ќе стартува и програмата за доделување на 850 хектари државно земјиште на социјално необезбедени лица во 24 општини. Земјоделците ќе можат преку општините да ги легализираат објектите со само три документи, државјанство, елаборат.

 

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он