Германската регулаторна агенција за енергетика ги повика Германците на штедење струја и подготовка за зима

Од:

Претседателот на Германската регулаторна агенција за енергетика Клаус Милер денеска ги повика граѓаните, поради можноста Русија целосно да го прекине протокот на природен гас во земјата, да штедат струја и да се подготвуваат за зима.

dobivaj vesti na viber

Милер ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност.

-Одржувањето може да ја намали потрошувачката на гас за 10 до 15 проценти, рече Милер.

Тој наведе дека граѓаните треба да се подготват за ова во текот на следните 12 недели.

Милер додаде дека германските семејства веќе треба да размислат „дали во текот на зимата секоја соба мора да биде на вообичаената температура или ако некои може да бидат малку постудени“.

Претходно во текот на јуни Русија го намали протокот на гас за Германија, Италија, Австрија, Чешка и Словачка.

Руската државна енергетска компанија „Газпром“ изјави дека причина за тоа е технички проблем, бидејќи опремата што се поправа во Канада не може да се врати поради санкциите што западните земји и ги воведоа на Русија поради агресија врз Украина.

Германските лидери го отфрлија ваквото објаснување, па намалувањето на испораките на гас ги нарекоа политичка игра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Греењето во јавните згради во Германија до 19 степени за да се штеди енергија

Ана Ололовска

Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се најмалку 34 лица

Нивото на Рајна би можело да падне под критичниот минимум и да ја загрози индустријата

Ана Ололовска

Шолц е убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза

Ана Ололовска

Германија ќе загуби 265 милијарди долари до 2030 година поради војната во Украина

А1он