Германија подготвена за приватизација

Од:

Германската Влада размислува за можноста за повлекување на уделот на својот капитал од големите германски претпријатија, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува од Берлин примена на помалку строга буџетска политика поради последиците кои таа би можела да ги остави на еврозоната.

Во извештајот на германското Министерство за економија објавено во весникот „Велт“ се наведува дека Германија размислува за повлекување на капиталот од претпријатијата, како и дека не планира да се откаже од програмата за штедење.

Во документот се предлага формирање комисија која ќе ги дефинира предлозите за иницијативата која на Германија би и отворила простор на урамнотежување на буџетот пред 2016, како што е предвидено со Уставот.

Средствата кои државата на тој начин би ги обезбедила би биле огромни.

Државата е стопроцентен сопственик на државната железница, како и на аеродромот во Берлин, Минхен и Келн.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени