Германија минатиот месец со негатива во трговскиот биланс, првпат по две децении

Од:

Германија изминатиот месец за првпат по 20 години забележа дефицит во тргувањето со светот, последица на високите трошоци за увоз на енергија и благиот пад на извозот.

dobivaj vesti na viber

Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика посочуваат дека извозот во мај е намален за 0,5 отсто во однос на април кога пораснал за 4,4 отсто. Увозот, пак, бележи пораст од 2,7 отсто, забавувајќи се во однос на април кога бележеше пораст од 3,5 отсто.

Дефицитот во трговскиот биланс регистриран првпат од почетокот на 2000 година, според достапните податоци на „Дестатис“ изнесува милијарда евра. Во април суфицитот изнесуваше 3,1 милијарда евра.

Извозот во Русија минатиот месец се зголеми за 29,4 отсто споредбено со април, на една милијарда евра, стабилизирајќи се по остриот пад предизвикан од западните санкции против Москва. Истовремено увозот од Русија е намален за 9,8 отсто, на 3,3 милијарди евра. Во февруари извозот во Русија надминуваше десет милијарди евра.

Најмногу пратки германска стока се испратени во САД, во вредност од 13,4 милијарди евра, 5,7 отсто повеќе отколку во април. Увозот од САД е зголемен за 9,7 отсто, на 7,4 милијарди евра.

Најмногу стоки Германија во мај увезла од Кина, во вредност од 18 милијарди евра, но за 1,6 отсто помалку отколку во април. Извозот во Кина благо се зголемил за 0,5 отсто, на 8,7 милијарди евра.

На годишно ниво, германскиот извоз бележи пораст од 19 отсто во мај, а увозот за 33,6 отсто, откривајќи скок на цените на енергенсите, поттикнат од бранот зголемена побарувачка како последица на економско закрепнување од корона-кризата и санкциите воведени кон Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија ќе загуби 265 милијарди долари до 2030 година поради војната во Украина

А1он

Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД

Ана Ололовска

Германија од октомври со нови мерки за третата есен од пандемијата

А1он

ЕУФОР: Почнува распоредувањето германски војници во составот во БиХ

А1он

Германските резерви на гас пополнети 70 отсто и покрај намалените испораки од Русија

А1он

Голем шумски пожар во Берлин при експлозија во складиште за полициско оружје

А1он