Германија им приговара на САД за високите цени на гасот

Од:

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек денеска се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат германските „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

– Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени, посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Тој посочи дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави.

По инвазијата врз Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија увезуваше 55 отсто од гасот од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД