Георгиевска: Раст на просечната плата и платите во сите сектори

Од:

Поддршка на стандардот на граѓаните и зголемување на платите во сите сектори се политики на кои СДСМ е посветена и кои даваат значјани и видливи резултати. Успеавме да реализираме едно од клучни ветувања дадено пред граѓаните – просечна плата од 30.000 денари или 500 евра рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

– Со посветност успеваме политиките за повисоки плати да ги реализираме и во период на најголема светска економска и енергетска криза. Од месец март оваа година минималната плата е 18.000 денари или 300 евра, што е двојно зголемување во однос на 2017 година кога минималната плата во одредени дејности беше под 9.000 денари. Постигнавме договор за рекорден раст на платите од 15 отсто во образованието. За пет години, платите во образованието вкупно пораснаа за 36 отсто. Во истиот период платите на вработените во детските градинки се зголемени во просек за 21 отсто. Во здравството, за помалку од пет години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%. Повисоки плати денес добиваат и вработените во одбраната, во полицијата и правосудството вели Георгиевска.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува