Георгиева: Многу веројатно е дека ММФ дополнително ќе ја намали прогнозата за раст

Од:

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека е „многу веројатно“ фондот дополнително да ги намали своите глобални економски прогнози, бидејќи пандемијата на коронавирусот удри во многу економии потешко отколку што првично се очекуваше.

„Податоците што доаѓаат од многу земји се полоши од нашите веќе песимистички предвидувања“, рече Георгиева на веб-конференција, модерирана од „Фајненшел тајмс“.

„Многу е веројатно дека ќе излеземе со ажурирање на нашите предвидувања во одреден момент во јуни, и во оваа фаза … нашите очекувања се дека ќе има малку повеќе лоши вести за тоа како гледаме во 2020 година“, додаде шефицата на ММФ.

Пред еден месец Фондот предвидуваше дека затворањето на деловните активности и карантинските мерки насочени кон забавување на ширењето на вирусот, ќе го втурнат светот во најдлабока рецесија од Големата депресија во 30 години на минатиот век.

Проценката беше намалување на глобалниот бруто-домашен производ за 3 проценти во 2020 година.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика