Г20: Сите против една и една против сите држави

Од:

Во мексиканското место Лос Кабос, каде се одржува самитот на најразвиените земји и држави со забрзан развој, кои претставуваат 85 проценти од глобалната економија и каде се дискутира за зголемување на економскиот раст, инвестициите и спас на еврото, моментално односот на силите е 19 спрема 1, оценуваат германските аналитичари.

„Сите против една и една против сите“, е слоган што најдобро ја објаснува позицијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која и понатаму покажува железна одлучност кога станува збор за мерките за штедење, а според медиумите се наоѓа под најголем притисок досега.

САД и Франција сакаат да ја „омекнат“, но таа, најверојатно нема намера да попушти, коментираат набљудувачите на самитот.

Меркел нема лесна задача, што не е никаво чудо, бидејќи во Лос Кабос таа нема да се сретне, како во Брисел со „сиромашните европски роднини“, туку со најважните светски лидери.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он

Британскиот премиер и порача на Русија да ја напушти Украина и да ја прекине варварската војна

А1он

Лавров на Бали се сретна со Гутереш и со кинескиот министер за надворешни

Ана Ололовска