ФТ: Инфлацијата во САД се искачува на највисоко ниво во последната деценија, притисок врз ФЕД

Од:

Трговците со обврзници ги зголемија очекувањата за раст на инфлацијата во САД на нивоа што не се забележани повеќе од една деценија поради загриженоста дека тесните грла во синџирите на снабдување и заживувањето на побарувачката на потрошувачите ќе продолжат да ги зголемуваат цените на стоките и услугите. Иако ФЕД до неодамна ја уверуваше јавноста дека инфлацијата е само привремена и дека ќе се стабилизира веќе следната година, се поизвесно е дека инфлацијата ќе трае со години, објави Фајненшал тајмс.

Десетгодишна инфлација, т.н Break-even стапка – што ја означува разликата во приносот помеѓу државните обврзници што се заштитени од инфлација и оние што не се (номинален долг) и имаат исти рокови – се зголеми на 2,62 проценти вчера, највисоко ниво од септември 2012 година и над долгорочната цел за инфлација на Федералните резерви од два проценти, пренесува Фајненшл тајмс.

Стапката се зголеми на 2,86 отсто вчера за петгодишните обврзници, што е највисоко ниво од март 2005 година.

Еден од членовите на одборот на гувернери на ФЕД, Рандал Кварлес, предупреди дека продолжената висока инфлација до следната пролет може да ја принуди централната банка да размисли за зголемување на каматните стапки порано од очекуваното. Но, тој изјави дека и понатаму очекува идната година цените да се намалат бидејќи постепено исчезнуваат нарушувањата и тесните грла во синџирите на снабдување.

Според него, ако ФЕД ги зголеми каматните стапки како одговор на неодамнешните скокови на цените предизвикани од повторното отворање на економијата, централната банка би можела да ја ограничи побарувачката во време кога ќе исчезнат тесните грла, што може да доведе до несакано ниска инфлација и ниска вработеност, пренесува Волстрит џурнал.

Аналитичарите во Pacific Investment Management Co. проценуваат дека патеката на инфлацијата во последно време е се понеизвесна, а ќе остане неизвесна во текот на петгодишниот временски хоризонт, пренесува Блумберг. Според таа проценка, инфлацијата се соочува и со позитивни и со негативни ризици, а „пазарот продолжува да и дава на централната банка голем кредибилитет околу нејзините долгорочни цели за инфлација“. Се очекува ФЕД да започне со намалување на купувањата на имот веќе следниот месец.

Зголемените трошоци за енергија ги поттикнаа инфлаторните мерки да се зголемат во последниве недели, зголемувајќи ги притисоците поради прекините на синџирот на снабдување, што ги попречи компаниите во испораката на стоки додека економијата закрепнува од пандемијата на корона вирусот. Според аналитичарите BMO Capital Markets. тоа е показател „дека на хоризонтот има многу повисока инфлација“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски