Францускиот министер за финансии најави тужба против Гугл и Епл за злоупотреба

Од:

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најави тужба против Гугл и Епл поради злоупотреба на деловните практики, што може да резултира со казна од повеќе милиони евра.

Ле Мер ги обвини двете технолошки компании за „искористување“ на програмерите, бидејќи, според договорот, наплаќаат провизија на продажбата на нивните апликации преку продавниците на Епл, „iTunes App Store“ и „Google Play“.

– Неприфатливо е две компании да собираат податоци од програмерите и да имаат можност „еднострано да ги изменат договорите“, истакна Ле Мер.

Поради тоа, францускиот министер ќе поднесе тужба во судот во Париз, бидејќи „Гугл и Епл, колку и да се моќни, не смеат да ги третираат нашите стартапови и нашите програмери на начин на кој тоа го прават сега“.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден