Француската банка „БНП Парибас“ во САД е прогласена за виновна заради кршење на санкциите кон Иран, Судан и други земји и заради тоа ќе мора да плати казна од 8,9 милијарди долари.
Американското Министерство за правда соопшти дека француската банка намерно прикрила илјадници трансакции со двете споменати земји, како и со Мјанмар и Куба, во периодот од 2004 до 2012 година, што официјалните претставници на САД го нарекоа сериозно кршење на американскиот закон.
Официјалните американски претставници оценија и дека е ова највисоката казна што Министерството за правда ја изрекло во случаи на кршење на економски санкции, како и најголема во било кој случај во кој е вклучена некоја банка, пренесуваат агенциите.
Банката „БНП Парибас“ се согласи да ја плати казната во износ од 8,97 милијарди долари и порача дека жали заради неправилностите од минатото кои довеле до ваков исход.
За да го реши спорот „БНП“ се согласила и да отпушти 13 свои работници.