Франција со јавен долг од 120 отсто од БДП во 2020 година

Од:

Предложениот ребаланс на буџетот на Франција за 2020 година, кој треба да биде претставен следната недела, предвидува јавен долг од 120,9 проценти од БДП оваа година, соопшти претставник на Министерството за финансии.

Ваквото енормно зголемување на јавниот долг е предизвикано од огромните расходи на државата, кои се мерат во милијарди евра, направени со цел да се ублажат економските последици од кризата со коронавирусот.

Министерството за финансии, исто така, предвидува пад на потрошувачката на населението од околу 10 проценти оваа година, при што се очекува дека домаќинствата од претпазливост ќе ја зголемат заштедата за околу 100 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден