ФОТО: Гасификација на Општина Чаир

Од:

Министерот за економија Ваљон Сараќини и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити денеска потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на Проектот за гасификација на Општина Чаир.

Станува збор за активност која е согласно заложбите на Владата за изградба на Национален гасификационен систем во Република Македонија, за кој во 2010 година беше изработена Физибилити студија со идеен проект, согласно која планираната потрошувачка на гас во Република Македонија до 2040 година е од околу 2.8 милијарди нормални метри кубни (Нм3), од кои 2,3 милијарди Нм3 е долгорочно очекуваната потрошувачка на самата.

Со овој Меморандум за соработка, Министерството и општината Чаир ја изразуваат подготвеноста да отпочнат со активности за изработка на проектна документација за имплементација на Проект за гасификација на општина Чаир, истакна министерот Сараќини.
Соработката додаде тој ќе опфаќа изработка на физибилити студија за гасификација на општина Чаир и проценка на влијанието на животната средина од гасификацијата на општината, активности кои ќе ги преземе општината, и извештај за претходна анализа за основните елементи на Проектот-активност, која ќе ја преземе Министерството.

По завршувањето со изработката на проектната документација, Министерството за економија ќе достави предлог до Владата за отпочнување постапка за доделување на концесија за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас во општината Чаир.

Screenshot_6

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити изјави дека општината со која раководи, минатиот месец доставила Иницијатива до Министерството за економија со која јасно се истакнува потребата од остварување на соработката со цел да се започне со подготовки за гасификација на општината.

Општината Чаир, како општина која има само 3,52 км2 површина, се соочува со дефицит на градежно земјиште за развивање на индустриски зони. Општината има потреба од инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија бидејќи општината има голема густина на население и со тоа има голем потенцијал на корисници на новиот енергенс-природен гас со кој би се супституирал постојниот енергенс-електричната енергија која има тенденција на постојан пораст, изјави Меџити.

Професорот по термоенергетика Констандин Димитровски истакна дека со овој Меморандум се забрзува процесот на гасификација на Град Скопје.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче

МВР: Прекршочна постапка против општините Чаир и Тетово и нивните градоначалници

Горан Наумовски

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

Предраг Петровиќ

Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти

Предраг Петровиќ

Курти во Чаир и Тетово, пречекан од градоначалниците Ганиу и Касами: Бато Адем Демачи е симбол на слободата