ФОТО: Автомобили „кампуваат“ пред бензинските станици

Од:

Покачувањата на горивото кој стартуваат вечерва после полноќ, направија колони од возила пред бензинските станици во земјава.

Низ повеќе скопски населби, редици од возила чекаа да наполнат гориво пред да стапи на сила покачувањето на цените. Возилата буквално ги имаа блокирано сите приоди кон бензинските, а на места и околните паркинг простори до каде се простираа редиците од автомобилите. Се чекаше буквално со часови за да се наполни гориво.

Малопродажната цена на бензините вечерва на полноќ поскапува за пет денари. Цената на дизелот и екстралесното гориво ќе се зголеми за четири денари, а на мазутот за три денари.

Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 80,50 денари, а цената на Еуросупер БС-98 изнесува 82 денари.

Новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 68,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 57 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 42,460 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот период од 14 дена бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,49 отсто, кај дизелот зголемување во просек за околу 5,78 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,32 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на Регулаторната комисија.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски