Форбс: Богатството на Џеф Безос надмина 180 милијарди долари

Од:

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Амазон, соопшти Форбс.

Пазарната капитализација на „Амазон“ достигна 1,52 трилиони долари. Така, Безос, кој поседува 11,1 отсто од акциите на онлајн трговијата на мало, надмина 181,5 милијарди американски долари. Форбс потенцира дека ова е рекорд за сите времиња од почетокот на статистиката.

Во април, Форбс третпат по ред го постави Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство тогаш беше проценето на околу 113 милијарди американски долари.

Второто место му припадна на еден од основачите на корпорацијата Мајкрософт, Бил Гејтс, со 98 милијарди долари. Главниот извршен директор на француската група компании ЛВМХ – Луи Витон Мот Хенеси, Бернард Арно се искачи на третото место со своите 76 милијарди долари.

Компанијата „Амазон“, која продава стоки и услуги преку Интернет, е основана од Безос во САД во 1994 година.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници